За Нас


Компанијата “ВИДЕО АЛАРМ” успешно делува и работи на полето на сигурносно-техничката заштита на објекти и отворени простори повеќе од 15 години и е една од водечките компании во тој домен во Македонија. Како специјализирана компанија чија основна и единствена дејност е проектирање, набавка и изведба на системи за Видео Надзор- локален и далечински , ПП Системи, системи за Контрола на Пристап и Евиденција на работно време, системи за Детекција и дојава на провала и кражба и Видео-домофонски и системи за интерфонска комуникација, Автоматски бариери за возила и автоматика за врати, изведуваме и во состојба сме да понудиме комплетни решенија за истите. Во своето долгогодишно работење нашата компанија се одликува со професионална и брза изведба дадените задачи и договорените работи. Сето тоа е допринес од постојаната опременост на компанијата со потребните компоненти за системите - како постојан лагер на опремата за системите што ги нуди и располагањето на компанијата со стручен кадар од 8 вработени лица од кои 7 лица се технички оспособени и се директно вклучени во проектирањето и изведбата на системите.

Исто така нашата компанија располага со сервисни возила и сервисни простории кои се опремени со работни сервисни маси и инструменти и со постојани две екипи спремни за интервенција по повик. Стручноста на екипите се гледа и во нашето долгогодишно искуство и работење со вакви системи за видео надзор, системи за контрола на пристап и евиденција на пристап и системи за противпровална заштита. Исто така како застапници на призводителите CCTV SONY Japan, IDTECK Korea, CROW Israel, FOUTEC China, CAME Italy, LTS China, BEYOND Taiwan, располагаме со резервни делови, модули и уреди за брза и навремена интервенција. т.е што е многу важно сите интервенции не би зависеле од некакви увози на резервни делови и опрема бидејќи ние истите ги имаме на лагер заедно со целокупната оригинална сервисна документација за наведената опрема.

Сертификати: